Неверојатен настан следува утре точно во 14 часот и 53 минути! Полната месечина во Лав носи драматични промени за 4 знаци
Полната Месечина во Лав не очекува на 12 февруари во 14 часот и 53 минути и ќе има силно влијание врз сите знаци. Сепак, Лавовите, Биковите, Водолиите и Шкорпиите посилно ќе го почувствуваат влијанието на Полната Месечина кај Лавот. Нејзиното дејство ќе трае две недели, па се подготвуваме за крај на еден животен циклус.
Полната месечина во Лав носи интензивни емоции, драматични пресврти и силна потреба да се изрази сопствената автентичност.
Лавот е знак на самодоверба, креативност и страст, па кога полната месечина е во овој знак, ги осветлува нашите желби, амбиции и начинот на кој бараме внимание и признание.
Зголемени чувства
Чувствата стануваат засилени, а егото може да се нагласи, што значи дека можеме да бидеме повеќе склони кон импулсивни реакции, но и кон големи одлуки кои доаѓаат од срце. Ова е моментот кога можеме јасно да видиме што нè исполнува, и каде се чувствуваме сакани и ценети, но и каде што можеби сме премногу зависни од потврдувањето на другите.
Енергијата на Лавот поттикнува храброст и желба да се види, што може да резултира со важни пресвртници во љубовта, кариерата и личниот развој. Страстите се разгоруваат, а желбата за слобода и автентичност станува поизразена од кога било. Овој астролошки момент носи можност да се ослободиме од стравовите и сомнежите што не спречуваат да блескаме.
Полната месечина во Лав ќе има силно влијание врз Лавовите, Шкорпиите, Биковите и Водолиите.
ЛАВ
Најсилно ќе го почувствувате влијанието на Полната Месечина бидејќи тоа се
случува во вашиот знак. Подгответе се за големи промени на сите полиња.
Одлуките што ќе ги донесете во следните две недели ќе имаат влијание врз вашата
иднина.
ШКОРПИЈА
Полната Месечина во десеттата куќа ви носи големи промени на работа или настан
кој ќе предизвика пресврт во професионална смисла. Некои Шкорпии ќе сакаат да
ја сменат работата поради насобраните проблеми.
БИК
Полната Месечина во четвртата куќа ви носи семејни проблеми или компликации во
однос на станот. Врската со едниот родител ќе мора да се реши, што значи дека
старите модели на однесување треба да се променат.
ВОДОЛИЈА
Полната месечина е поттик за крај на врската која е емотивно важна за вас. Тоа
може да биде деловен или приватен партнер. Некои Водолии ќе имаат голема криза
со својот сопружник.
Извор: Informer.rs