Актуелно // Insta вести
Дечињата без родители му испратија порака на Џамбазов: „Твојата грижа и љубов...“
- 08 Февруари, 2025 11:16

Актерот и музичар Игор Џамбазов сподели со неговите следбеници на Инстаграм, дека добил подарок од СОС детското село на кое дечињата му посветиле емотивна порака.
„Си добив подарок …“, напиша Игор.
На подарокот има картичка на која е напишана благодарност до актерот.
„Драг Игор, твојата грижа и љубов го прават светот поубаво место за децата без родителска грижа. Благодариме“, вака гласи емотивната порака кои дечињата му ја посветија на Џамбазов.
Фото: Инстаграм