Чиј дрес носи Агнеса: Кого ли крие русокосата скопјанка и со кој беше на ракомет во Норвешка?
![](/media/main/2025/02/20250206105324.jpg)
Светско првенство во ракомет за мажи 2025 заврши минатиот викенд, а дел од навивачите на натпреварите кои се играа во Норвешка беше и инфлуенсерката Агнеса.
Преку социјалните мрежи таа сподели дека е на натпревар во Осло.
Русокосата Скопјанка која мами погледи каде и да се појави, беше во центарот на вниманието на трибините, а она што посебно паѓа во очи е дресот кој таа постојано го носеше.
Агнеса беше облечена во фармерки, но и црвен дрес на кој е испишан бројот 20.
„Дресовите ни ги направија овде во Норвешка, а зошто токму бројот 20 е испишан на мојот, па тоа засега оставам на вам новинарите сами да откриете“ - ни рече кратко во изјава згодната Агнеса која потврди дека не била сама без друштво во државата каде се одржуваа дел од ракометните натпревари, но повеќе детали не сакаше да ни открие.
Кого ли крие Агнеса? Дали убавицата има некој спортист за момче од надвор, или пак од кај нас?
Р.Ж.М.