Актуелно // Insta вести
Сузана Турунџиева со драстична промена на фризурата: Враќање на природното-одлично ѝ стои ФОТО
- 05 Февруари, 2025
Храбра промена во имиџот направи нашата најпозната телевизиска водителка, но и пејачка и писателка Сузана Турунџиева.
Со фризура како Тина Тарнер , Турунџиева ќе ја среќаваме отсега, а ова освежување мора да признаеме дека одлично ѝ стои.
Турунџиева и онака има природна виткана коса, но овој пат тоа е нешто поинакво.
Разубавена и освежена, со насмевка и сјај во очите, водителката мами погледи и зрачи со позитивна енергија.
Како вам ви се допаѓа новиот изглед на водителката кажете ни во коментар.РЖМ