Актуелно // Insta вести
Утринско будење со поглед од милион долари: Кајмакоски вака му се насладува на животот
- 05 Февруари, 2025 10:35

Едно од најпознатите места за одмор и релаксација во соседна Србија, Златибор е местото каде деновиве со семејството ужива пејачот Даниел Кајмакоски.
Со низа од неколку фотографии, српскиот зет му се насладува на животот заедно со двете жени кои му го украдоа срцето, но и со синот.
Утринава, обожувателите на социјалните мрежи Даниел ги почести со поглед од кој застанува здив покажувајќи како мим почнува денот со изгрејсонцето.
Инаку, Златибор е меѓу најпопуларните места во Србија за туризам, а главните атракции вклучуваат здравствен туризам, скијање и пешачење.
FOTO: Oficijalen instagram profil Daniel Kajmakoski