„Не ми мјаукајте, животот е тежок, има моменти не ти се дише, не ти се јаде, не ти се живее“: Дизајнерката Ивана Кнез за инфлуенсерите

Добивај вести на Viber

Дизајнерката Ивана Кнез е гласен говорник за повеќе теми во јавноста. Не ретко знае и кога е поканета во емисија, но и на нејзиниот инстаграм профил да народски речено  „удри“ по оние кои пренесуваат лажни вредности јавно, особено кај помладата популација. Идеологија која не постои. Овојпат во емисијата на Мими Марковски, односно во неговиот поткаст кој го снима додека со неговите гости се возат во неговото југо, дизајнерката без влакна на јазикот, искрена до срж го искажа нејзиното мислење за денешните инфлуенсери:

„Ивана: Јас многу ги мразам инфлуенериве, сериозно ги мразам. Може зборот мразам е многу јак збор, но да, као ги мразам што ги лажат девојките дека се‘ е толку нашминкано, иделано, перфектно, бла, бла..

Мими: Дури мислам дека пола од нив имаат идеологија дека шоу бизнисот е лага, дека ти треба да лажеш на камера, дека не треба да си искрен со луѓето.

Ивана: Мене менаџер ми го има кажано тоа. Не може да ставаш од тебе шминка ваква не бањата.  До кога ќе ги лажете децата, деца ме гледаат. Зошто да го лажам детето да живее во илузија. Дека I woke up like this.. Не бе срце станувам отечена, ваква искривена, смрдам, се‘ е ок.

Почнавме да живееме во огромна лага, и да си наметнуваме дека се‘ е иделано. Се‘ е ок. Не. Не функционираат така работите. Некако тоа почна многу да ми пречи, заради тоа и се повлеков.

Почнаа да се наметнуваат инфлуенсери, се‘ е идеално, се‘ е прекрасно, се‘ е e wow. Не ми мјаукајте човече животот е тежок, мислам да не се лажеме, онака. Имаме моменти кај што не ти се дише, не ти се јаде, не ти се живее. Дај го тоа да те видам. Дај како ќе станеш од тоа“. 


Дали и вие го делите истото мислење со неа. Споделете со нас во коментар на нашата фејсбук страница.


Р.Ж.М.

Фото: инстаграм