Подгответе се за операцијата на крајници и деновите поминати во болница: Прилепчанката Ивана која го победи ракот со корисни совети за родителите

Добивај вести на Viber

Младата прилепчанка Ивана Ѓорѓиоска, мајка на две мали дечиња, кои се‘ уште не посетуваат училиште на својот инстаграм профил сподели со јавноста интересни и за некои родители корисни информации поврзани со операција на крајници. Поточно со периодот пред, а особено со времето кое треба да го поминете дома со своите деца по операцијата.

Оваа храбра мајка ја запозна јавноста по нејзината гласна борба со ракот, т.е леукемија на лифна жлезда, кој по една година борба успеа да го победи. Тогаш таа истотака јавно и гласно на злобната болест ѝ порача: -Господине 'раку', не оди никогаш и никаде повеќе, не си поканет, пожелен, а ни лесен за да бидеш во нечие тело!!“.

Храбрата 34 годишна млада мајка овојпат преку својот инстаграм профил им се обрати на родителите кои се соочуваат или се подготвуваат со своите деца за операција на крајници:

„Минатата недела се соочивме со предизвик како семејство – операција на крајниците на мојата мала јуначка. Благодарна сум што сè помина добро и што таа е храбра како никогаш досега. Ова искуство ме научи многу, и сакам да споделам неколку совети за сите родители кои можеби ќе се соочат со слично.

- Подгответе се за операцијата и деновите поминати во болница со многу игри, многу прашања кога ќе си одиме дома и многу барања за храна, баш кога ќе се вклучи црвено светло за јадење.

- За време на закрепнувањето очекувајте доста кенкавост, барања повторно на храна која е забранета, барање да се излегува надвор од дома... очекувајте плачење од болки, плачење од досада. И очекувајте го денот за контрола.

- Не им ветувајте на децата дека после операцијата нема никогаш да настинуваат. Јас ветував и викав - „Храбра си на мама, кога ќе ги извадиме крајниците нема никогаш повеќе да си болна" , за три дена пред самата контрола да 'закачиме' сите до еден дома вирус/грип од кои Инес прва си го однесе и мислеше дека и ги вратиле крајниците назад.
Но, да не се е толку безнадежни приказниве наши, знаете дека на крај се‘ ќе биде добро.
Праќаме позитива, посебно до сите оние што поминуваат низ тежок период“.


Пред скоро 2 години Ѓорѓиоска за Женски магазин во интервју откри детали за ракот со кој се соочила. 

Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм/ архива - Женски магазин