„Господине „раку“, не оди никогаш и никаде повеќе, не си поканет, пожелен, а ни лесен за да бидеш во нечие тело“: Ивана Ѓорѓиоска успеа во борбата

Добивај вести на Viber

„Не знам дали се сеќавате кога пишав дека: Со двете деца во раце, ќе ја победам оваа битка'.
УСПЕАВ! 

Благодарна на Господ и на мојата ПОДДРШКА, МОТИВАЦИЈА и ИНСПИРАЦИЈА што се на сликава до мене! 

Благодарна на мојата фамилија, пријатели и сите вас кои од почеток до крај бевте со мене. 
Благодарна на мојот доктор! 

Ти благодарам Господе!

-Господине 'раку', не оди никогаш и никаде повеќе, не си поканет, пожелен, а ни лесен за да бидеш во нечие тело!! “ - Со овие зборови младата Ивана Ѓорѓиоска ја соопшти најрадосната вест која денес можевме да ја слушнеме а тоа е дека го победила канцерот со кој се бореше.

Таа се бореше со Леукемија на лимфна жлезда.

Минатата година во интервјуто за Женски магазин, Ивана ја раскажа нејзината приказна.

 „Оваа храбра жена, која воопшто не помислила дека ќе се бори со оваа болест, по раѓањето на синот кај себе забележала промени, но како што ни откри тоа биле промени кои биле нормални за попородување, се‘ додека не го напипала топчето на вратот. И од тука започнала нејзината борба за која зборува отворено во оваа интервју, но и за кое пишува искрено на својот Инстаграм профил - сакајќи да охрабри што повеќе луѓе да ги споделат своите приказни и да бидат поттик за редовни контроли и за тоа колку е важно нашето тело, нашиот организам и дека ни најмала промена не е за занемарување“.

Прочитајте го интервјуто подолу:

Откако ми ја соопштија дијагнозата прво нешто на кое помислив беа моите деца: Ивана Ѓорѓиоска(32) за борбата со Леукемија на лифна жлезда