Фустан кој не е фустан: Кралицата Летиција го маѓепса светот во креација што создава оптичка илузија и е ода на женственоста
![](/media/main/2025/02/20250210111036.jpg)
Ова издание ќе се прераскажува долго време и со добра причина.
Кралицата Летиција со години важи за една од најдобро облечените дами на светската сцена.
Нејзината способност да комбинира елеганција со удобност ја прави вистинска манекенка, а каде и да се појави плени со својата грациозност и софистициран стил.
Така беше и пред три дена кога таа заедно со својот сопруг, кралот Фелипе Шести го посети шпанскиот град Каравако де ла Круз и уште еднаш ги воодушеви сите со својот префинет вкус за облекување.
За оваа пригода, кралицата Летиција избрала комбинезон кој со својот лелеав крој создава оптичка илузија на фустан. Овој модел, инаку дело на шпанската дизајнерка Тереза Хелбиг, наречен Опиум комбинезон, одлично ја комбинира винтиџ елеганцијата со модерен шмек.
Класичната црно-бела комбинација никогаш не излегува од мода, а токму тоа беше победничката формула на кралицата.
Речиси целата креација со миди должина е црна, додека горниот дел кој започнува од рамото е во бела нијанса.
Белите ткаенини во форма на елегантна јака, слично на тенок џемпер, даваат софистициран тон, додека ременот на половината дополнително ја истакнува нејзината витка фигура. Оваа комбинација е олицетворение на рафинирана женственост и разноврсност.
За да го комплетира својот беспрекорно стилизиран изглед, кралицата Летиција се одлучи за класични лакирани црни мокасини, додека суптилниот, но сепак гламурозен накит додаде допир на софистицираност.
Косата ѝ беше едноставно фенирана и пуштена, а нејзината насмевка, како и секогаш, беше најубавиот моден детал што можеше да го извади.
Ова парче облека е вистинска инвестиција во безвременски стил, бидејќи може да се носи во разни пригоди – без разлика дали се работи за деловен состанок, прошетка низ градот, кафе со пријателите или вечера во елегантен ресторан. Со оваа комбинација едноставно не можете да погрешите!
Извор: Glossy.espreso.co.rs