Лила си најде друг за бакнување: Ѝ лежи буквално в прегратка

Добивај вести на Viber

Водителката и инфленсерка Лила Филиповска откри кого бакнува и загрлува 

Познатата наша атрактивна дама се снимаше пред огледалото во тоалетот заедно со маче, кое не е нејзиниот веќе познат Рагнар.

Маче кое личи на познатиот Гарфилд во прегратките на Лила беше опсипан со бакнежи од водителката. 

Гушкајќи го маченцето Лила не можеше да ја сокрие љубовта која ја има кон него и го бакнуваше непрестано. 

Видеото водителката го објави на Инстаграм Стори заедно со песната „I think they call this love (Мислам дека ова го нарекуваат љубов)“ од Matthew Ifield. 

Инаку ова преслатко маченце е милениче на Лила заедно со Рагнар, познатиот црно-бел мачор кој е прва љубов на водителката. Рагнар е дел од семејството на Лила повеќе од 6 години.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм