„Кога на пратениците не им смрди под нос, па зошто би ни пречело нам, обичните граѓани“: Скопје грдо си за гледање (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Секој ден сме сведоци на фотографии кои се споделуваат на социјалните мрежи со ѓубре и смет расфрлано на сите страни пред, покрај, позади преполни контејнери, валкани улици со остатоци од земја и прав во главниот град на државата.

Но не се само фотографиите, направете само една прошетка низ метрополата и во тоа може лично да се уверите. Не само што тоа ќе го забележат вашите очи, туку и вашиот нос.

За ваквата состојба во градот, граѓаните прстот го вперуваат во службата задолжена за правилно одлагање на сметот, но мора да признаеме дека и граѓанската свест има големо влијание за вакавата состојба во градот.

Движејќи се на релација од дома до редакцијата на Женски магазин, новинарите си зададоа задача да фотографиираат необични ситуации.

Еве што успеавме да регистрираме:

Најнеобичната слика која утринава ни посака „добро утро“ беше тоалетната школка оставена до контејнер на булеварот Климент Охридски. За правилно одлагање на ваквиот кабаст отпад потребно е да постои и соодветен контејнер за тоа, но кога сме свесни дека го нема, местото на тоалетната школка не и е до контејнер, среде главен град.

Уште една фотографија која е впечатлива се преполните контејнери со отпад, најлони, ќеси, гуми до самиот контејнер и сето ова пред најважната институција во нашата земја. Ваква е глетката на страничниот влез на Собранието од страната на Дом на АРМ.

Фото: Женски магазин
Г.Д.Г