Погледнете какво изненадување му приреди: Тамара Тодевска на оригинален начин му честиташе роденден на момчето Лука
![](/media/main/2025/02/20250210100548.jpg)
Тамара Тодевска има убав повод за славење, нејзиното момче Лука денес слави роденден.
Пејачката со нејзините деца се потрудила ова утро за славеникот да биде најубаво, па го разбудиле со торта и свеќички.
Момчето на Тодевска, Лука Радовиќ кој е архитект по професија од најсаканата за 32 роденден доби и честитка на Инстаграм стори како комплиација од повеќе видеа од нив двајца но и заеднички видеа од авантури кои ги имаат со нејзините две деца Хана и Дарен.
Додека го гледате видеото во позадина се слуша и песната Love (Љубов) од Lana Del Rey, љубовна песна полна се емоции...
Инаку Тамара и Лука се заедно подолго време, а пред една недела двајцата заедно ѝ направија роденденско изненадување на Тијана, сестрата на Тодевска појавувајќи се нејзината роденденска забава со торта и прскалки кога пејачката влета среде кафеана во Белград.
Р.Ж.М.
Фото: инстаграм