НЕВРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Албанија го има најголемото термално езеро
Албанија е земја која нуди прекрасни плажи и богата историја по пристапни цени, а овој пат едни научници изненадија со интересни вести.
Имено, кај соседите е открино најголемото подземно термално езеро во светот во Албанија.
Езерото е откриено од тим од чешки научници.
Како што пренесуваат светските медиуми откритието дојде по долгогодишно истражување предводено од чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој се сомневаше дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер, објави Радио Прага.
Додека ја мапираа областа, во близина на грчката граница, и ја следеа пареата од бројните топли извори, научниците откриле бездна длабока 100 метри.
На дното пронашле езеро, долго 138 метри и широко 42 метри.
Со обем од 345 метри, езерото може да собере приближно три пати поголем волумен на вода како главната сала на Националниот театар во Прага.
Научниците велат дека сега знаат дека околните топли извори се хранат со вода од подземно езеро.
„Веруваме дека ова откритие би можело да придонесе и за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, бидејќи до денес никој не знае точно како овие подземни води се поврзани со површината“, рече членот на тимот Ричард Бад, фотограф и спелеолог.
фото: фрипик илустрација