ЌЕ СИ ОСТАНЕ СКОПЈЕ БЕЗ СВОЈА ГРАДСКА БОЛНИЦА: Имаат големи амбиции за ГОБ „8 Септември“, но не и за болниците во другите градови
![](/media/main/2025/02/20250210152722.jpg)
ГОБ „8 Септември“ со години е важен дел од здравствениот систем на Скопје, болница на која се потпираат илјадници граѓани. Сега, најавата дека токму таа ќе се трансформира во регионален центар за Скопје, Куманово и Велес предизвика лавина реакции кај граѓаните и вработените.
Иако многумина ја сметаат за најдостапна алтернатива на Клиничкиот центар, ГОБ „8 Септември“ и самата се соочува со долги листи на чекање, особено за одредени специјалистички прегледи и хируршки интервенции. Токму затоа, најавата дека болницата можеби ќе покрива и пациенти од Велес и од Куманово отвори прашања, дали ова ќе значи уште поголем притисок. И покрај тоа што властите уверуваат дека ова ќе донесе подобрување во здравствената заштита, многумина се прашуваат дали „8 Септември“ има капацитет да одговори на зголемениот број пациенти. Соочена со хроничен недостаток на кадар, ресурси и простор, болницата веќе долго време работи на граница на своите можности. Дали сега ќе стане преоптоварена? Повеќе на Фактор.мк