Дали треба да јадете после 18 ч. ако сакате да ослабете или не? Еве како доцното вечерање влијае на вашата половина
![](/media/main/2025/02/20250210113210.jpg)
Секој кој се обидел да ослабне е запознаен со тврдењето дека не треба да вечерате доцна, а тим научници неодамна решиле детално да го испитаат ова тврдење.
Калориите се калории без разлика во кое време ги јадете, а дефинитивно ќе се здебелите ако претерате со мрсна и нездрава вечера во шест или десет часот.
Сепак, не е сè толку едноставно - неодамнешните истражувања покажуваат дека времето во кое јадеме можеби сепак игра улога во регулирањето на тежината.
Како што покажа студијата објавена неодамна во списанието за клиничка ендокринологија и метаболизам, јадењето на вечера подоцна е поврзано со зголемување на телесната тежина и високо ниво на шеќер во крвта, без разлика дали сте јаделе исто нешто неколку часа порано.
„Свесни сме за други студии кои ги поврзуваат доцните вечери со дебелината, и бидејќи асоцијацијата не е исто што и причината и последицата, сакавме да го погледнеме на поригорозен начин“, вели д-р Џонатан С. Џанг, професор на Универзитетот Џон Хопкинс.
Така, неговиот тим довел здрави луѓе и ги натерал да јадат во различни периоди, со контролирана исхрана и пред спиење.
Во истражувањето учествувале 20 луѓе, кои си легнале во 23 часот.
Студијата покажала дека нивото на гликоза е повисоко и количината на согорени масти е помала кога јаделе подоцна, дури и ако учесниците го имале истиот оброк за вечера.
– Не бевме изненадени. Претходните истражувања покажаа нешто слично кога се гледаат деноноќниот ритам и исхрана. Други лаборатории исто така покажаа дека ако јадете спротивно на нормалниот деноноќен ритам на вашето тело, не ја метаболизирате гликозата на ист начин, вели д-р Џанг.
Откриено е и дека не секој реагира на доцните оброци на ист начин. Имаше група која беше навикната да легнува рано и бележеше најлоши резултати кога јадеше доцна.