Гледачите ја критикуваат изведбата на Ламар во Супер Боул: „Воопшто не се слушаше“
Раперот Кендрик Ламар настапи на Супер Боул, кој се одржа во неделата. Мрежите беа преплавени со реакции за неговиот настап, а според неколку гледачи Ламар имал технички проблеми за време на настапот.
„Микрофонот на Кендрик е потивок од сè друго, што многу ја расипува изведбата“, „Треба да го вклучи микрофонот“, „Јачината на телевизорот ми е на 60 и сè уште едвај го слушам Кендрик. Треба микрофонот да му се вклучи или нешто друго, не знам“, „Кој го измешал звукот за вокалот на Кендрик“, се пожалија гледачите на социјалната мрежа „Х“.
Me trying to figure out what Kendrick Lamar is singing pic.twitter.com/NRqSIrijqd
— The Reckoning (@sethjlevy) February 10, 2025
I love Kendrick but you can barely hear him. What the fuck is this audio setup?
— Cameron (@HardyShot) February 10, 2025
Kendrick’s mic volume needs to be increase like 1000%, what is this LMAO
— Beckett (@410Beck) February 10, 2025
Ламар му испрати порака на Трамп?
За потсетување, гледачите веруваат дека Кендрик Ламар му испратил порака на претседателот Доналд Трамп со неговиот настап на Супер Боул. „Револуцијата ќе биде на телевизија, вие го одбравте вистинското време, но погрешниот човек“, рече Ламар пред настапот, за кој многумина веруваат дека е порака до претседателот. Инаку, Трамп го напушти Суперболот за време на настапот на Ламар.
Ламар ја отпеа„Just like us“, неговиот наградуван хит насочен кон Дрејк, на полувремето од Супер Боул. На сред настап на сцената излезе Серена Вилијамс која го изведе таканареченото „crip walk“. Тоа е танцов потег со корени во калифорниската хип-хоп култура, а Серена го искористи за да му оддаде почит на фактот дека и таа и Ламар се од Комптон.
Вилијамс застана во одбрана на Тејлор Свифт
Претходно, тенисерката застана во одбрана на Тејлор Свифт која беше исвиркана од публиката кога нејзиното лице се појави на екранот. „Те сакам Тејлор Свифт, не гледај назад на извиците! напиша Вилијамс на „Х“.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: „ТикТок“