Како изгледала и како живеела Бјанка пред бракот со Канје Вест? Пријателите на контроверзната убавица ги открија сите детали
Таа денес е светска сензација и една од најшокантните жени во шоу-бизнисот, а сопругата на Канје Вест до неодамна била симпатична девојка од Мелбурн која ги фасцинирала сите со својата интелигенција и пријателскиот пристап кон сите.
Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест, во последните две години често беше споменувана во медиумите поради нејзините бизарни, оскудни изданија, а врвот го достигна на доделувањето на Греми наградите пред неколку вечери кога позираше целосно гола на црвениот тепих.
Претходно сме ја виделе речиси гола: се шетала во хеланки и кроп топови во боја на кожа, боди, хулахопки со перница над градите, со чорапи наместо разни парчиња облека...
Нејзините шокантни изданија често се тема на дискусија кај јавноста, која е загрижена дали ваквото однесување е нејзина одлука или е под контрола на раперот, со оглед на тоа што таа драстично го променила стилот откако се омажила за Вест.
Која била Бјанка Ценсори пред Канје?
Бјанка е родена во Мелбурн, една од трите ќерки на Александра и Елија Ценсори. Нејзините предци дошле во Австралија со пет деца пред неколку децении, а потекнуваат од град во централна Италија.
Таа посетувала баптистичка школа, а потоа ги завршила додипломските и магистерските студии по архитектура на Универзитетот во Мелбурн. По завршувањето на средното училиште, таа основала сопствен бренд за накит, Nylons Jewelry.
Пред да стане г-ѓа Вест и една од извршните директори во неговата компанија Yeezy, Бјанка Ценсори водела мирен живот во Мелбурн, каде била позната како паметна, стилска девојка и динамична, многу дружељубива млада жена.
Како што изјави една нејзина школска другарка за Дејли Меил, таа секогаш била во групата на „популарни“ деца, но секогаш имала време за луѓе надвор од нејзиниот круг и сакала да биде пријателка со сите.
– Таа никогаш не била страшна, злобна девојка. Мислам дека луѓето би биле изненадени кога би знаеле колку е паметна, тврди неименувана личност која некогаш ја познавала Бјанка.
Како што вели една нејзина другарка од детството, таа била срцето на секоја забава и никогаш не пропуштала, без разлика за која прилика: забава или одење на локалниот карневал.
– Не можам да кажам дека сум изненадена што работи за Yeezy. Секогаш беше со стил и ги поместуваше границите кога е модата во прашање. Во еден момент таа дури имаше и сопствен бренд за накит. Но, јас сум изненадена што се омажи за Канје, вели таа.
Извесно работела во продавница за мебел, а поранешната колешка на Бјанка ја памети како вредна млада жена.
Како што е познато, Бјанка работи за Yeezy од ноември 2020 година, а се омажи за Канје Вест два месеци откако Ким Кардашијан и тој официјално се разведоа во ноември 2023 година.
Таа не се огласува во јавност, па немаме можност да ја слушнеме, но познато е дека во април 2022 година одржа предавање на Универзитетот во Малта, кога им објасни на студентите дека компанијата Yeezy успеала да го „развие јазикот на Донда“, кој ја одржува естетиката на Канје, а таа покажала и проекти за куќи на кои таа работела “.
Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot