ВОГ удри жестоко по Меланија: Ја нарекоа евтин магионичар, а познато е дека Трамп се на црната листа на Ана Винтур

Добивај вести на Viber

Модниот магазин „Вог“ негативно ја оцени облеката на сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп, на официјалниот портрет што неодамна го објави Белата куќа, споредувајќи го нејзиниот изглед со магионичар.

„Сопругата на Доналд Трамп повеќе личи на евтин магионичар во шоу отколку на некој што има јавна функција“, напиша Хана Џексон за Vogue, коментирајќи го црно-белиот портрет на Меланија Трамп објавен на официјалниот Инстаграм профил на првата дама на САД. .

Во претходните четири години, модниот магазин изразуваше восхит од поранешната прва дама Џил Бајден, како и од потпретседателката Камала Харис, која се појави на насловната страница на Вог, а главната уредничка Ана Винтур е позната како поддржувач на демократит, пишува Daily Mail.

View this post on Instagram

A post shared by Melania Trump (@melaniatrump)

Џексон го критикуваше костумот на Меланија како несоодветен за таа прилика.

„Трамп повеќе личи на некој од епизода од реалити серијата „The Apprentice“, отколку на првата дама на САД“, рече таа.

Џексон заклучил дека можеби ова не е изненадување бидејќи се работи за некој кој, како што вели, живеел во пентхаус обложен со злато и чиј живот е дел од реално ТВ империја.

Меланија Трамп ги изненади своите следбеници на Инстаграм со најновата црно-бела фотографија на која носи црн костум од креаторите на Dolce & Gabbana и бела кошула, за разлика од претходните фотографии во многу поживи бои, пишува Daily Mail.

Сликата е направена ден по инаугурацијата на Трамп во Жолтата овална соба во Белата куќа. Нејзините следбеници на Инстаграм го изразија својот ентузијазам за фотографијата, додека некои критичари се пожалија дека таа изгледа премногу фотошопирана.

Познато е дека Вог не објави фотографии од Меланија на својата насловна кога таа беше прва дама во претходниот мандат на Трамп. Инаку, познато е дека Доналд Трамп со години е на „црната листа“ на Ана Винтур, а таа и никогаш не го кани на Мет Гала, што го потврди и самата Ана во шоуто на Џејмс Корден.

Ана Винтур не објасни зошто не сака да го покани Трамп на Мет Гала, но беше категорична дека тој никогаш повеќе нема да добие покана.

Во исто време, другите две поранешни први дами од редовите на републиканците, Лора и Барбара Буш, не се појавија на насловната страница на списанието, додека Вог на насловната страница ги стави демократите Мишел Обама и Хилари Клинтон.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot