„Ти си извонредна сопруга и прекрасна мајка“: Претседателот Доналд Трамп ја пофали првата дама Меланија за нивната годишнина

Добивај вести на Viber

По прославата за старо -нов претседател на САД, во домот на Трампови има повод за уште една прослава. Двојката која во моментов е најактуелна Доналд и Меланија Трамп слават 20 години љубов.

Меланија и Доналд Трамп се венчаа во 2005 година, а по повод 20-годишнината од бракот, американскиот претседател и испрати честитка на сопругата заедно со фотографија од нивната венчавка.

По инаугурацијата и новиот мандат на Доналд Трамп, семејството Трамп има уште една причина за славење, а овој пат е годишнината од бракот на првата дама Меланија Трамп и Доналд Трамп.

Меланија и Доналд Трамп слават 20 години брак, а по тој повод американскиот претседател на својата сопруга и испрати јавна честитка преку социјалните мрежи.

Тие се венчаа во 2005 година, по седум години врска, а ова е прилика да се види како Меланија, која сега важи за стилска дама, изгледала во венчаница.

Таа носеше луксузна венчаница на модната куќа Диор вредна 100.000 долари, а свечениот изглед го заокружи со дијамантски ланче.

„Среќна 20-годишнина, Меланија“, напиша Трамп покрај нивната фотографија од нивната венчавка, на која се држат за раце додека излегуваат од црквата.

Во посебна објава на официјалниот профил на POTUS, Трамп објави слика од парот и сподели почит за Меланија, пишувајќи: „Прославувам 20 години со мојата прекрасна сопруга и нашата неверојатна прва дама, Меланија. Ти си извонредна сопруга и прекрасна мајка, среќна годишнина“.


Во април 2004 година, Трамп ја запроси Меланија со прстен вреден дури 2 милиони долари, а таа подоцна призна дека била изненадена од предлогот иако сите го очекувале овој потег.

Сè за инаугурацијата на Доналд Трамп одржана на 20 јануари во Вашингтон, кога Трамп по втор пат стана претседател на САД, а Меланија повторно стана прва дама и го маѓепса светот со своите модни избори за церемонијата.

Фото: Инстаграм
Извор: Superzena.b92.net