Моќна, сигурна и тотална доминација на Меланија Трамп на официјалниот портрет: Ваква фотографија не е видена во историјата на Белата куќа
Меланија Трамп го откри својот официјален портрет од Белата куќа, на кој е прикажана силна и самоуверена прва дама. Таа избра да има портрет во црно-бело, остар контраст со нејзините претходници кои користеа светли бои и карактеристични поставки во Белата куќа за да ја истакнат нејзината улога како сопруга на претседателот.
Меланија Трамп, за разлика од нив, носи црн костум со беспрекорна бела кошула. Стои исправено, со рацете потпрени на масата пред неа, додека во позадина се гледа споменикот Вашингтон. Доминира на сцената, гледајќи директно во камерата, со навестување на предизвик во нејзиното држење.
Фотографијата е направена на 21 јануари, ден по инаугурацијата, во Жолтата овална соба на претседателската резиденција, а автор е фотографката Реџине Махо. Махо, белгиска фотографка, е позната по нејзините портрети на семејството Трамп, а ја фотографирала и Меланија Трамп за време на нејзиниот прв мандат.
За разлика од најновата, фотографијата е во боја. Меланија е прикажана во меко осветлување, со топол сјај околу неа. Облечена во црн костим од смокинг со скрстени раце.
Нејзиниот втор портрет, како и вториот мандат, покажува дека овојпат е поискусна во својата улога и решена да го контролира начинот на кој јавноста ја доживува.
Другите први дами користеа светли бои и поставки на Белата куќа во нивните официјални портрети.
Џил Бајден за својот портрет носеше светло син фустан. Мишел Обама облече црн фустан со бисери, а за позадина ја избра Сината соба. Лора Буш носеше топло кафено одело.
Фотографијата на Меланија е направена во нејзината омилена соба во Белата куќа - Жолтата овална соба на катот. За време на нејзиниот прв мандат, Меланија го надгледуваше обемното ремоделирање и реставрација на таа просторија, како и на многу други.
Во своите мемоари, Меланија, напиша дека Жолтата овална соба и е омилена и дека сама го дизајнирала тепихот на подот.
„Внимателно избрав прекрасни антиквитети од колекцијата на Белата куќа“, истакна таа. „Јас лично дизајнирав тепих по нарачка со мотиви од рози на American Beauty, сини панделки и шаблон со решетка за да врзам сè заедно“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs