Најубавата баба на светот објави среќна вест: Кралицата Ранија повторно ќе добие внуче
Кралицата Ранија од Јордан го доби своето прво внуче летото минатата година, бидејќи нејзиниот син и престолонаследник на Јордан Хусеин и неговата сопруга принцезата Раџва ал Хусеин добија ќерка, што донесе голема радост за целото семејство. Сепак, и оваа година ќе биде посебна, бидејќи семејството ќе стане побогато за уште еден член - ќерката на кралицата Ранија, принцезата Иман е бремена.
Принцезата Иман (28) го чека своето прво дете со сопругот Џемил Термиотис, а среќата што ќе добие второ внуче не ја криеше ниту познатата баба која објави фотографија на која се гледа среќниот пар.
- И двајцата ми се драги на срце, но тоа што доаѓа е поскапоцено. Двајца е пар, три е благослов – напиша кралицата Ранија на својот Инстаграм профил.
Среќната двојка и идните родители се венчаа во март 2023 година во палатата Беит ал-Урдун во Аман. Принцезата во таа прилика воодушеви со својот изглед бидејќи избра венчаница во А линијата на Диор, додека нејзиниот превез од тантела го држеше тијара. Годинава ги очекуваат нови и убави предизвици, а полот на детето се уште не е познат.
Кралицата Ранија пред неколку дена беше во Америка, во Палм Бич, каде се сретна со новата прва дама Меланија Трамп, но дури кога се врати од патувањето во Јордан, ја објави убавата слика и вест.
Фото: Инстаграм/ queenrania