5 совети на Шарлиз Терон за затегната кожа на 50 години: Никогаш не ја прескокнува оваа важна работа за негата на лицето
![](/media/main/2025/02/20250210101030.jpg)
Како Шарлиз Терон се грижи за себе е веројатно едно од најчесто поставуваните прашања на Гугл за познатата актерка која за неколку месеци ќе го прослави својот 50-ти роденден.
Оскаровката Шарлиз Терон најголемиот успех го постигна со филмот „Монструм“, но нема сомнеж дека од почетокот на кариерата е една од најубавите жени на планетата.
Поранешната манекенка која не престанува да учествува во рекламните кампањи, во секоја прилика ве остава без здив, денес кога има 49 години ни помалку ни повеќе отколку во првите денови кога му се претстави на светот.
Не е чудно што една од најубавите жени во Холивуд во изминативе децении честопати беше прашувана во интервјуата како се грижи за себе, па неколку пати зборуваше на оваа тема, а ние извлеквме неколку тајни за убавина на Шарлиз Терон кои повеќето жени можат да ги применат.
1. Никогаш не прескокнувајте заштита од сонце
Дерматолозите постојано не потсетуваат колку е важно да се користи крем со заштитен фактор, не само во текот на летото, туку и во текот на целата година, бидејќи оштетувањето од сонцето е еден од најважните фактори кои придонесуваат за предвремено стареење на кожата.
Како што објасни Шарлиз Терон за Harper's Bazaar, таа станува „многу рано“ за да им помогне на своите деца да се подготват за училиште.
- Штом станам се мијам и нанесувам крема со заштитен фактор - истакна таа и откри дека користи фактор 30.
– Балсам за усни и заштита од сонце – секогаш. Секој ден нанесувам крема со заштитен фактор – изјавила Шарлиз во интервју за Вог.
2. Хидратацијата е многу важна
Шарлиз Терон истакнува дека и е важно хидратантната крема што ја користи да биде квалитетна. Таа истакнува дека е подготвена да проба нови производи кои и се препорачуваат, но секогаш на крајот се враќа на истата крема што ја нарекува „класика“ (Crème de la Mer).
- Ставам серум, крем за очи и навистина добра хидратантна крема - открила оскаровката како изгледа нејзината вечерна рутина за нега на кожата.
3. Навечер кожата е на прво место
Иако нејзините утра се често хаотични како и сите мајки, актерката се грижи за своето лице најмногу пред спиење, изјави таа за британскиот Vogue.
- Имам навика да се грижам за мојата кожа навечер, па наутро обично користам само топла крпа, ги мијам забите и нанесувам крема со заштитен фактор - рекла Шарлиз.
4. Внимавајте што јадете
Како и повеќето холивудски ѕвезди, Шарлиз нагласува дека најважно е да се грижи за убавината одвнатре. Тоа значи дека не се храни нездраво, што може да се одрази на нејзината кожа, а за Harper's Bazaar изјавила дека сака „растителна, сирова храна“.
5. Не плашете се од стареењето
Можеби изгледа со децении помладо, но Шарлиз Терон не е некоја која по секоја цена ќе се бори да го зачува својот младешки изглед и да стане опседната со ботокс. Напротив, таа не се плаши од стареење.
- Има денови кога навистина го сакам своето лице и немам проблем со брчките околу устата и очите. Има денови кога си велиме: „О Боже, можеби е време за лифтинг“. И тоа е во ред – признала таа за InStyle.
Фото: ИнстаграмИзвор: Glossy.espreso.co.rs