На „Денот на побезбеден интернет 2025“: А1 Македонија го шири знаењето за безбеден интернет низ целата земја

Добивај вести на Viber

А1 Македонија го одбележува „Денот на побезбеден интернет 2025“ и со гордост објавува масовни предавања во училиштата низ целата земја како дел од програмата „Интернетот не  е само игра. Кликај безбедно“, наменета за учениците од 4-то одделение.

Денеска, волонтерите на А1 држат час во дури 19 училишта низ земјава, опремувајќи ги учениците со знаење и вештини неопходни за побезбедно и одговорно однесување во дигиталниот свет.

„Ние во А1 веруваме дека образованието е клучот за зајакнување на најмалите да донесуваат информирани одлуки онлајн и затоа преку овие предавања имаме за цел да поттикнуваме генерации што се свесни за себе во интернет-просторот, за придобивките и за ризиците со кои можат да се сретнат во онлајн светот. Затоа и седум години во континуитет ги спроведуваме едукативните работилници што опфаќаат теми какви што се заштита на личните податоци, што е сајбер насилство, но и важноста од здраво онлајн однесување. Горди сме на нашите волонтери, кои денеска во исто време допреа до повеќе од 1 500 дечиња и ја пренесоа пораката дека интернетот не е само за игра, туку место каде што можат да добијат корисни информации доколку паметно го користат. Продолжуваме понатаму со нашата мисија да го шириме знаењето за безбеден интернет“, изјави Бранкица Толевска, менаџерка за корпоративна стратегија, бизнис - трансформација и ЕСГ.

„Денот на побезбеден интернет“, што глобално се одбележува на 11 февруари, ја нагласува важноста од создавање побезбедна онлајн средина за сите, особено за децата и за младите. Темата за оваа година „ Заедно за подобар интернет“, се фокусира на прашањето како да се заштиме себеси и другите во интернет просторот и каква поддршка е достапна.

Благодарност до учениците и до наставниот кадар на основните училишта:

ОУ: “ Гоце Делчев”,Прилеп; ОУ:“Гоце Делчев” , Скопје; ОУ Круме Кепески во општина Кисел Вода, Скопје; ОУ “Крсте Петков Мисирков”, Куманово; ОУ “Лирија”, Тетово; ОУ “Блаже Конески”, Велес; ОУ “Коле Канински”, Битола; ОУ “Страшо Пинџур”, Кавадарци; ОУ “Страшо Пинџур”, Неготино; ОУ “Браќа Миладиновци” , Куманово; ОУ “Никола Карев”, Кочани; ОУ “Гоце Делчев”, Гостивар; ОУ “Крсте Мисирков”, Гевгелија“ ОУ”Сандо Масев”, Струмица; ОУ“Ванчо Прке”, Делчево; ОУ “Васил Главинов”, Велес“; ОУ “Димитар Миладинов”; Скопје; ОУ„Аврам Писевски”, Скопје; ОУ “Наум Наумовски Борче”,Скопје

За „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!“

„Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“ е дел од ESG проектот на Групацијата Телеком Австрија, со која сите членки на Групацијата се обврзуваат на одржливо работење и вложување во заедницата, првенствено за дигитална писменост на најразлични возрасни групи.

Во рамките на проектот, предавањата од 2018 година досега ги проследиле повеќе од 6 000 четвртоодделенци, од 65 училишта и 13 града во земјава.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.

Работилниците ќе продолжат и во второто полугодие од учебната 2024/2025 година, а сите што се заинтересирани за предавање, можат да пријават училиште на следната веб-страница https://www.a1.mk/klikaj-bezbedno во делот „Пријави училиште“.

Повеќе информации за едукативната програма „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“ се достапни на https://www.a1.mk/klikaj-bezbedno


*Пр објава