„МАКЕДОНИЈА НЕ Е СИРОМАШНА ДРЖАВА, МНОГУ ЏАБОЛЕБАРИ ИМА ЗА ХРАНЕЊЕ“: Мојсоска остро “место за болници и доктори за патни трошоци“
![](/media/main/2025/02/20250211142720.jpg)
Колку средства добиле пратениците во Собранието благодарение на патните трошоци, но и предлог за нивно намалување доставија претставниците на Левица кој утре треба да се најде на дневен ред.
Пратеничката од редовите на Левица, Јована Мојсоска, преку својот Фејсубк профил укажа дека во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци на пратениците отприлика биле потрошени:
- ДПМНЕ: 3.700.000 евра
- СДС: 2.000.000 евра
- ДУИ: 680.000 евра.
- Во овие суми не се вметнати трошоците за кирии за пратениците, од кои грото имаат станови во Скопје, додека наплаќаат кирии од државата. Утре, 12 февруари - среда, 120 пратеника имаат можност да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за Законот на Левица, која џентлменски предлага ограничување на патните трошоци (да не е укинување, за да не се ,,навредат" останатите пратеници) - истакнува пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска. Повеќе на Фактор.мк