НАЈСОВРЕМЕН ТРЕТМАН И ТРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРОШИРЕНИ ВЕНИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“
![](/media/main/2025/02/20250210124531.png)
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди можност за брзо, безболно и ефикасно решение на здравствениот и естетски проблем кај пациентите со проширени вени. Преку минимално инвазивен пристап со примена на радиофреквентна аблација или со хируршки ласер, пациентите имаат можност да ја решат причината што доведува до венска слабост и проширување на вените. Третманот го изведува високообучен тим, предводен од проф. д-р Андреја Арсовски, кој зад себе има 16-годишно искуство во оваа област и илјадници задоволни пациенти.
Проширените вени се деформитет во ѕидот на површните вени, кои се појавуваат како резултат на венска слабост. Кај повеќе од 40% од популацијата над 60-годишна возраст се јавува овој проблем. Симптомите се болка, оток и зголемен замор во нозете, особено при напор, при стоење, седење, како и чувство на тежина во нозете. Ако развојот на проширените вени не се стопира навреме со соодветен третман, тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми.
„Она што е важно е дека пациентите во `Аџибадем Систина` на едно место можат да добијат брза и точна дијагностика и комплетен третман. Ехо-колор доплерот на вените е златен стандард за дијагностицирање на проширените вени. Дава извонреден приказ не само за евидентирање на проширените вени и нивната слабост, туку и за одредување на клучните поенти, односно од каде потекнува таа венска слабост, што е од клучно значење за одредување на правилниот избор за третман“,вели д-р Кире Јовановски, специјалист по интерна медицина.
Според проф. д-р Андреја Арсовски, хирург, минимално инвазивниот третман ја лекува основната причина поради која е настанатa венската слабост и како резултат на тоа, пациентите добиваат трајно ослободување од проблемот со проширени вени.
„Ако не се реши венската слабост, а ги решавате само последиците со одредени методи на лекување, тогаш повторно се појавува проширување на вените и тегобите што сте ги имале претходно. Со минимално инвазивните третмани во нашата болница, пациентите добиваат ефикасен третман и ослободување од симптомите. Интервенцијата е безболна и сеопфатна, се изведува во специјален вид локална анестезија, без потреба од болнички престој. Резултатите се видливи веднаш и пациентите половина час по интервенцијата ја напуштаат болницата. По третманот, може да се употребува склерозантна терапија или во зависност од состојбата, може да се употребува паралелно“, вели проф. д-р Арсовски.
Благодарение на мултидисциплинарниот тим во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, доколку има потреба за дополнителни козметички и естетски третмани на кожата, пациентите се третираат со дерматолошки ласер, за да се санираат кожните промени, со што се добива посакуваниот изглед на кожата на нозете.
*Пр објава