Ја имаме новата Мис Дојран за 2025 година: Џамбазов ја прогласи, но оваа е посебна
Единствениот Игор Џамбазов повторно ја насмеа цела држава
Шоуменот кој е еден од најсаканите познати личности кај нас, па и најгледаниот, години наназад како дел до шоу бизнисот ги забавуваше граѓаните, а и ден денес секогаш кога има можност на свој уникатен начин успеава да украде насмевка од народот.
Последните година - две тоа го прави со палаваштините на неговото куче Ферхунде. Куче кое го нашол Џамбазов во Дојран, па го посвоил и денес тие двајца се неразделни. Во неколку наврати актерот и пејач на неговите социјални мрежи ги сподели интересните авантури кој тој ги поминува со Ферхунде јавно и успеа да насмее многумина. И овој пат шоуменот во негов стил ја прогласи Ферхунде за Мис на Дојран за 2025 година.
Ферхунде пред извесен период му ги изгриза сите пари на Џамбазов, а пред неколку месеци пак направи невиден хаос во Козле. Но на крајот од денот тие двајца се неразделни верни пријатели еден на друг.
Игор, е познат како голем љубител на кучиња. Тој со себе во младоста со себе насекаде го носеше неговиот прв најдобар пријател кучето Бошко. Веројатно тоа куче беше и остана најпознатиот пинч во нашата држава.
Неговата љубов кон кучињата на јавноста ѝ ја покажа и преку порака која ја сподели на Инстаграм: „Кучето е единственото нешто на земјата кое те сака повеќе отколку што се сака себеси“.
Р.Ж.М.
Фото и Видео: Инстаграм/ Youtube - screenshoot