Ана и Игор Дурловски 22 години се брак: Еве како изгледала познатата оперска двојка на нивната свадба
![](/media/main/2025/02/20250209110027.jpg)
Настапот во Виена претставува заокружување на прославата на 80-годишнината од формирањето на оркестрот, а ќе се одбележат и 30 години од воспоставување на дипломатски односи меѓу Австрија и Северна Македонија.
„Со гордост најавувам дека после 20 години повторно настапувам во „Златната сала“ на „Musikverein“ во Виена заедно со мојата сопруга Ана Дурловски, Македонска филхармонија и Маестро Јерухам Шаровски од Израел. Виена ќе чука во седум-осмини“, напиша бас и контра-тенороот Игор Дурловски.
Оперскиот пар скоро 22 години е во брак и имаат три деца, Максим и близнаците Лука и Софија.
Ана и Игор Дурловски 15 години не живееја во Македонија и изградија успешна интернационална кариера.
Малкумина знаат како изгледал овој брачен пат на нивната свадбена веселба. На социјалните мрежи може да се најдат фотографии токму од тој ден. Не типично за една невеста, Ана одбрала лежерен изглед. Бели панталони и маица на прерамки со марама.
Фотографиите се објавени во 2021 година, а како објаснување Дурловски напиша:
„Славиме 18 години брак и 22 години заеднички живот. Ти благодарам Ана што во арно и лошо си покрај мене. Нек‘ се множат“.
РЖМ