Елена Ристеска се помоли во Острошкиот манастир: Пејачката со одбрано друштво во најпосетуваното светилиште на Балканот

Добивај вести на Viber

Илјадници верници од целиот Балкан го посетуваат Острошкиот манастирот во Црна Гора за да се помолат пред моштите на Свети Василиј Острошки.

Дел од верниците одат само во еднодневна посета на манастир, но има и голем број кои остануваат да преспијат пред манастирот.

Македонската пејачка Елена Ристеска во друштво на нејзиниот најдобар пријател стилистот Даниел Николовски и манекенот Мики Недиќ беа во посета на манастирот.

„Неодамна, со најубавото друштво во посета на Манастир Острог, Црна Гора“, напиша Елена во објавата.

Судејќи според фотографиите пејачката се задржала во манастирот и во вечерните часови, па така искусила уникатно доживување.

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)

Острог е едно од најпосетуваните светилишта во православниот свет, но и не само во православниот свет. Верниците од целиот свет доаѓаат да го посетат ова свето место, а многумина биле сведоци на чудата што се случиле таму.

Фото: Инстаграм
РЖМ