Минатата година ја изгуби мајка ѝ, а овој човек сега е нејзина најголема поддршка: Ретка фотографија на Соња Тарчуловска со татко ѝ

Добивај вести на Viber

Фолк - пејачката Соња Тарчуловска објави фотографија со нејзиниот татко. На фотографијата таа напиша „татко“, додека во позадина се слушаат стихови од песната на Влатко Лозаноски „Мајка“.

Пејачката е активна на социјалните мрежи, па често знае да сподели фотографии со нејзиното семејство.

Соња од бракот со Јохан ги има ќерката Мелани која тргна по стапките на нејзината мајка, синот Младен и најмалата ќерка Јоана.

Честите патувања на мотор со Јохан знае да ги овековечи со фотографии и да ги сподели со нејзините следбеници на Инстаграм.

Минатата година пејачката ја изгуби нејзината мајка за која сподели и емотивна порака за неа.

Фото: Инстаграм
РЖМ