„Ѝ должам живот каков што заслужува и сонува малата Ивона. Нема простор за страв. Не сум сама. Го имам Бога“: Ивона Јо искрена до срж

Добивај вести на Viber

Пејачката Ивона Јо деновиве се опоравува од операцијата која ја направи во Турција.

Таа секогаш гласно зборувала за нејзината тежина и за предизвиците со кои се соочува како дама која цел живот се борела со вишокот килограми.

Пред 4 години пејачката со операција го намали желудникот, и драстично ослабе. Оттогаш таа повеќепати истакнала дека започнала да се храни здраво, но и да вежба редовно и тоа со личен тренер. А сето тоа овие 4 години придонесло да има вишок на кожа околу себе, па токму поради тоа во јануари во Турција направи операција за отстранување на вишокот кожа од нејзиното тело.

На крајот од минатиот месец детално ја информираше јавноста за нејзината состојба по операцијата и истакна дека од неа биле отстранети 6 килограми кожа.


Викендов, бидејќи периодов како што нагласи на социјалните мрежи пејачката треба да одмара, а и периодов кој следи, па го искористи за дружба со нејзините фанови и следбеници и преку прозорче за прашања комуницираше со публиката и им одговараше на нивните прашањ. А како одговор на еден нејзин следбеник кој беше ја само поздравил: „Ивонче мила најмила, борец во секоја смисла“, таа му возврати и напиша емотивна и искрена порака со фотографија од неа како мала.

„Ѝ должам живот каков што заслужува и сонува малата Ивона. Нема простор за страв. не сум сама. Го имам Бога. Ја имам фамилијата. Моите луѓе до мене кои се избрана фамилија. Вас. Храброста ги прати храбрите но и оние кои имаат неизмерна поддршка“.

Секоја чест Ивона за упорноста и за решителноста.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм/Женски магазин - архива