Во нашите сеќавања останаа заекогаш млади: Еве како денес изгледаат Боба и Наташа од „Жикина династија“ (ВИДЕО)
![](/media/main/2025/02/20250209133817.jpg)
„Жикина династија“ е југословенска филмска комедија снимена во 1985 година во режија на Зоран Ќалица. Го претставува седмиот дел од серијалот филмови „Луди години“.
Оваа серија која го следи животот на дедо Жика и дедо Милан стана главен синоним за носталгичното ју време. Повозрасните генерации, па и тие од 80-тите растеа со оваа серија која доживеа голема популарност.
Дел од актерската екипа на „Жикина династија“ се починати, но дел од нив се уште раскажуваат за искуството во телевизиска серија.
Еве денес како
изгледаат дел од актерите кои ги запознавме во оваа серија:
Владимир Петровиќ е српски актер и режисер, кој сними осум филмови од серијалот „Луди години“, каде го толкуваше ликот на Слободан Боба
Павловиќ.
Денес се занимава со маркетинг, односно со реализација и креирање на рекламни кампањи. До 1992 година работел во ЕПП на Радио Телевизија Белград. Бил режисер и кинематографер на радио театарот „Индекс“. Тој е еден од иницијаторите за маркетинг на радио Б92 и првата приватна радио станица „Пингвин“. Од 1993 година, тој работи во агенцијата Saatchi & Saatchi. Тој е еден од основачите на маркетинг агенцијата „Талент тим“. Денес има своја рекламна агенција и е еден од косопствениците на Радио Индекс. Оженет е и има две деца.
Гала Алексиќ родена Виденовиќ е српска актерка, која се здобила со популарност како тинејџерка благодарение на главната улога во филмот „Бал на вода“, како и улогата на Наташа во комедијата од серијата „Луди години“.
На инстаграм профилот„Povratak Zikine dinastije“објавија видео како денес изгледаат Боба и Наташа од оваа серија.
„Иако се во нашите сеќавања останаа засекогаш млади, времето сепак минува. Вака денес изгледаат актерот и актерката од нашите омилени филмови. Неверојатна е честа да се работи со нив на продолжението на серијата со која сите израснавме“, пишува до објавата.
Инаку серијата „Жикина династија“ ќе добие продолжение, снимањата се уште траат.