Дали ова се петте најскапи комбинации на Цеца? Вложува милиони во стајлинг, а ова е дел од нејзината колекција чанти! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Цеца Ражнатовиќ вложува милиони во модни комбинации, а секогаш кога ќе се појави во јавноста носи поинаков аутфит. 

Никогаш не носи иста облека....

Светлана Цеца Ражнатовиќ е вистинска модна икона, која често поставува нови стандарди на сцената. Нејзините стајлинзи на настапите, црвените килими, снимањата и приватните настани се секогаш во центарот на вниманието, а нејзината луксузна облека и додатоци често вредат цело богатство.

Пејачката никогаш не бегала од инвестирање во скапи брендови и луксуз, што ја прави да изгледа беспрекорно елегантно, иако признала дека во последно време и е тешко да смисли што да облече.

Во продолжение погледнете ги топ 5-те најскапи стајлинзи кои Цеца ги носела неодамна, како и цените на нејзината облека и чевли.

View this post on Instagram

A post shared by 24sedam - Zanimljivosti (@24sedam_zanimljivosti)


Само за ролексот потрошила 25.000 евра

Цеца во мај минатата година го доби третото внуче, а откако се породи нејзината снаа Богдана, следуваше гала прослава во вилата Ражнатовиќ.

Пејачката за оваа пригода избра лежерен изглед, фармерки и обична бела маичка, но на навидум обичниот стајлинг потроши вртоглаво богатство.

Имено, Ранатовиќ носеше фармерки од брендот „Ботега Венета“ чија цена е повеќе од 800 евра. Потоа , влечки Balenciaga вредни 523 евра, очила за сонце Michael Kors кои чинат речиси 200 евра, а ја додаде и познатата чанта Hermes вредна речиси 15.000 евра.

Детаљ кој некои не го забележа чини дури 25.000 евра, а се работи за часовник Ролекс. Кога ќе ги собереме сите бројки, ова издание ја чинеше пејачката повеќе од 41.000 евра.

Луксузен стајлинг за „Ѕвездите на Гранд“

Цеца неодамна ги воодушеви своите фанови и сите присутни на снимањето на најновата епизода од шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Освен што на снимањето пристигнала со луксузен автомобил од 140.000 евра, она што дополнително го привлече вниманието е нејзиниот совршен стајлинг кој истовремено бил елегантен и луксузен.

По тој повод, пејачката избра облека која го истакна нејзиниот препознатлив стил, но и нејзината склоност кон луксузни и вредни предмети. Носеше кафено кожено мини здолниште кое беше со закопчан преден дел, а со него носеше и сако во истиот дезен.

Под сакото носеше црна ролка, со која го комплетираше целиот изглед. За детали, пејачката избра кратки кафени чизми кои одлично се совпаѓаа со остатокот од аутфитот.

Сепак, она што најмногу ја изненади јавноста е цената на секое поединечно парче кое Цеца го носеше. Здолништето кое пејачката го избрала да го облече по тој повод чини неверојатни 3.200 евра, додека сакото вреди 5.100 евра. Очилата што ги носела биле проценети на 260 евра, а чизмите 945 евра. За целата комбинација да биде уште пораскошна, Цеца избра чанта од 30.000 евра.

Кристали околу вратот, а чантата е вистинска „ситница“

Неодамна се одржа голема прослава по повод 20 години успешно работење на продуцентската куќа „Минакорд“, сопственост на Жељко Јоксимовиќ. На настанот присуствуваа многу познати личности, а кога се појави Ражнатовиќ сите погледи беа вперени во неа.

Пејачката потоа се појави во едноставна црна јакна од Balenciaga вредна 3.350 евра, носеше панталони од истата марка кои чинат 1.300 евра, околу вратот имаше ланче од кристал Сваровски кој чинеше 600 евра, а она што особено привлече внимание е скапата чанта Хермес чија цена е околу 30,0 евра. Целиот стајлинг тогаш ја чинел околу 35.250 евра.

Лежерно издание од речиси 10.000 евра

Пејачката беше облечена во тип топ облека, но многу опуштено, на големиот концерт на нејзината помлада колешка Теа Таировиќ. Таа носеше тексас костим кој го спои со обична бела маичка, а наместо штикли се одлучи за патики за полесно да танцува.

Очекувано брзо се дозна и колку чинело она што го носела Цеца.

Пејачката носеше блејзер од Ив Сен Лоран кој чини 1.697 евра, панталони од истата марка 950 евра, патики 200 евра и чанта Шанел од 6.168 евра. Вкупно стајлингот на Цеца за овој концерт чинеше импресивни 9.015 евра.

Како вистинска Барбика

Цеца еднаш реши да облече розова облека додека го снимаше споменатото шоу во Гранд, а на сите им изгледаше како вистинска барбика. Таа носеше комплет - јакна и фустан, украсени со бели бисери, а сето тоа го усогласи со бела чанта по неверојатна цена од 5.700 евра и бели салонки.


Мини фустанот со длабоко деколте ги истакна сите атрибути на Ражнатовиќ, но и долгите нозе. Бројките за нејзиниот аутфит тогаш се појавија на социјалните мрежи, па освен прескапата чанта, салонките на Цеца чинат 750 евра, јакната 570, фустанот 520, а очилата за сонце 280, што е вкупно 7.820 евра за едно излегување од дома.