За своето семејство направил куќа од бајките за 3600 евра - и тоа цела од природни материјали: А, да видите каква е внатре ... (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сајмон Дејл успеа сам да изгради еколошки дом, покажувајќи како одржливоста може да биде и прифатлива и инспиративна...

Сајмон Дејл, семеен човек од Велс, во западниот дел на Британија, го изградил својот дом на уникатен начин. Љубовта за зачувување на животната средина и еколошката свест го навела да ја изгради една од најубавите и најудобните куќи што можете да ги замислите, и тоа за само 3.000 фунти, што е околу 3.600 евра.

Овој импресивен потфат стана инспиративна приказна. Сајмон наведува две причини зошто решил да изгради куќа за хобити: првата е емотивна, затоа што смета дека е забавно да го живее животот на свој начин и што ја одржува неговата душа жива.

Втората, посериозна причина е еколошката, бидејќи, како што вели, „Нашите залихи се намалуваат, а нашата планета е еколошка катастрофа“.

View this post on Instagram

A post shared by ~ Janne Naviana ~ (@voiceofnature)



Сајмон, кој исто така е талентиран фотограф, користел многу едноставни алатки за изградба - моторна пила за да исече 30 мали дрвја, но не уништил ниту едно старо дрво. Тој се фокусирал на алатки кои функционираат со неговата енергија, како што се лопати, длета и чекани.

Интересно е тоа што му биле потребни само четири месеци да ја изгради својата куќа која е направена од природни материјали како дрво, камен и слама. Покривот е од земја, а објектот се загрева на камин. На покривот има соларни панели, додека најголем дел од материјалите се користени од фрлени предмети и реновирани апарати.

Иако Сајмон не е архитект, инженер или столар, резултатот ги надминал очекувањата - еколошката куќа е креативна, уметничка, елегантна и удобна.

- Забавно е да си свој архитект. Тоа ви овозможува да создадете нешто што е дел од вас и од земјата, наместо масовно произведена кутија дизајнирана за максимален профит.