Македонските познати дами во модерно тренди парче кое е симбол на луксуз и гламур со векови

Добивај вести на Viber

Повеќето луксузни брендови го отфрлија вистинското крзно како опција, што е огромен чекор напред за модната индустрија. Сега на нивните страници може да ќе најдат безброј опции за квалитетно вештачко крзно.

Дизајнерско вештачко крзнено палто ќе ви „поврати“ неколку илјади евра, што е логично затоа што пред се плаќате за брендот, а потоа се останато. За среќа, high street брендовите ја подигнаа играта на ново ниво и сега нудат многу атрактивни модели кои обично се дел од ограничени или поексклузивни колекции и затоа чинат малку повеќе од остатокот.

Куси или долги крзнени бунди без разлика, тренди се секако. Бундите со вештачко крзно не изостанаа во стајлингот на македонските ѕвезди. Различни модели и бои, но добро искомбинирани.

Бундите се симбол на луксуз и гламур со векови. Од античките цивилизации до модерните познати личности, бундите го задржаа својот статус на безвременска модна појава.

Еве како изгледаат македонските јавни личности во тренди крзнени бунди:

Теа Трајковска

Марјана Станојковска

Тамара Тодевска

Аделина Тахири