ШОК ВИДЕО! Мараја Кери ги загрижи обожавателите: „Боже мој, ова не изгледа добро, изгледа алармантно“, сите се убедени дека пејачката е тешко болна
Мараја Кери неодамна настапи во Лас Вегас, а видеото од концертот ги загрижи сите обожаватели, прашуваат што се случува со познатата пејачка.
Пејачката Мараја Кери изгледаше исцрпена од енергија додека танчерка танцуваше покрај неа. Таа едвај се движеше и изгледаше вкочането. „О Боже, дали е добро?“, „Дали има болки? Што се случува?“, „Загрижена сум за Мараја“, „Господи Боже, ова не е добро“, коментираат на Инстаграм.
Други, пак, го споредуваат нејзиниот настап со концертите на нејзините постари колешки: „Шер (78) е сè уште многу активна, Мараја не може да се движи“, „Мадона која има 66 години се уште танцува како „луда“. Некои дури ја нарекоа мрзелива затоа што не го следела танчерот, но повеќе луѓе кои се сомневаат дека тоа е сериозен проблем.
Мараја Кери (55) имаше многу тешка година, минатото лето во ист ден ги загуби мајка си Патриша и сестрата Алисон.
„Моето срце е скршено бидејќи ја изгубив мајка ми минатиот викенд. За жал, во трагичен пресврт на настаните, сестра ми го загуби животот истиот ден. Ја ценам поддршката, љубовта и почитувањето на приватноста на сите во овој тежок период", изјави таа за People.
Мараја Кери го наследила талентот за пеење од мајка си. Патриша беше во брак со Алфред Рој Кери, од кого се разведе кога пејачката имаше три години. Тој починал во 2002 година на 72-годишна возраст. Покрај Мараја и Алисон, Патриша и Рој го добија синот Морган.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs