Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!
![](/media/main/2025/02/20250212143033.jpg)
Новата 2025 година dm традиционално ја започнува со зголемување на платите на своите вработени, овој пат за 10 отсто. На овој начин, dm продолжува да ги подобрува условите за работа и да го наградува нивниот труд.
Со оваа иницијатива dm уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање на стабилно, мотивирачко и поттикнувачко работно опкружување, во кое вработените се во центарот на работната филозофија. Како еден од многу посакуваните работодавци во нашата земја, dm на овој начин ја изразува благодарноста за залагањето и трудот, додека истовремено продолжува да се грижи за повеќе од 270 вработени од сите сектори.
,,Грижата за вработените и континуираното унапредување на условите за работа претставуваат неразделив дел од нашата работна филозофија. Тргнувајќи од тоа дека клучот за успехот лежи во задоволството на вработените, целосно сме посветени кон создавање на оптимално работно опкружување кое го инспирира секој член од нашиот тим. Оваа пракса не е новост за нас – веќе долги години наназад доследно пружаме поддршка со воведување на различни погодности, земајќи ги предвид професионалните и личните потреби на сите наши вработени. Ќе продолжиме да работиме на тоа dm да остане место за препознавање на иницијативите и посветеноста, како и опкружување во кое вработените чувствуваат сигурност и гледаат можности за кариерен развој.“ – изјавува Маја Петровиќ Колаковиќ, раководител на секторот за човечки ресурси за dm С. Македонија и Србија.
Компанијата dm на своите вработени долги години наназад им пружа бројни погодности кои го унапредуваат квалитетот на работа и живот. Покрај исплата на регрес, компанијата обезбедува и дополнителна плата пред новогодишните празници, при што и платата и регресот се исплаќаат во полн износ. Оваа пракса, им овозможува на вработените да остварат до 14 плати годишно, пружајќи им дополнителна финансиска сигурност и поддршка. Исто така, dm обезбедува проширени систематски прегледи и поддршка за физичкото и менталното здравје. Во професионалниот и личниот развој dm континуирано вложува воведувајќи едукација, иновативни тренинзи и курсеви по германски јазик.
Во зависност од природата на работата, dm се труди на своите вработени да им пружи што поголема поддршка кога станува збор за балансот помеѓу приватниот и деловниот живот, па во согласност со тоа им овозможува флексибилно работно време, како и можност за работа од дома.
Компанијата негува култура на дијалог, заедништво и одговорност, создавајќи стабилно и поддржувачко работно опкружување.
ПР објава