НАЈБОГАТАТА ЖЕНА ВО ЕВРОПА ЈА НАПУШТА СВОЈАТА КОМПАНИЈА – ИМПЕРИЈАТА ЈА СОЗДАДЕ ДЕДО Ѝ: Еве колку пари тежи
![](/media/main/2025/02/20250212125647.jpg)
Франсоа Бетенкур Мејерс е наследничка на козметичкиот гигант L'Oréal и втора најбогата жена во светот.
Таа ја пренесува функцијата потпретседател на компанијата на нејзиниот син Жан-Виктор Мејерс.
Франсоа Бетенкур Мејерс (71) е наследничка на францускиот козметички гигант L'Oréal и официјално најбогатата жена во светот, според индексот на милијардери на Блумберг.
Нејзиното богатство се проценува на 89 милијарди долари и таа е 20-та најбогата личност на планетата.
Франсоа Бетенкур Мејерс, наследничка на козметичката империја на Лореал и најбогата жена во Европа, ќе се повлече од функцијата во управниот одбор на компанијата и ќе му ја предаде функцијата заменик-претседател на својот син Жан-Виктор Мејерс.
Неа во управниот одбор ќе ја замени Александре Бене, заменик извршен директор на Тетис Инвест, семејна холдинг компанија и најголем акционер на L'Oréal (Тетис е предводена од Бетенкур Мејерс). Компанијата ги објави овие промени во текот на својот извештај за заработка во четвртиот квартал (продажбата беше малку помала од очекуваното). Најави дека промените ќе стапат на сила по гласањето на акционерите во април.
Детали на Фактор тука.фото: EPA/ IAN LANGSDON