Божиновска: Да им дадеме на младите можности, ресурси и поддршка за да го достигнат својот полн потенцијал
![](/media/main/2025/02/20250212151707.jpg)
На средбата учествуваа добитнички на Инженерски прстен, како и девојки кои се дел од програмата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак.
Се споделуваше искуства, предизвици и успеси со што се стави акцент на важноста на поддршката и можноста за учество во STEM областите.
Поддршката за зголемување на бројот на девојки и млади жени, посебно во инжинерството и областите енергетика и рударство, е една од приоритетните цели на министерството, истакна министерската Божиновска.
„Македонија е една од ретките земји каде што бројот на жени истражувачи е над 50% од вкупниот број истражувачи, што е показател за огромниот потенцијал што го имаме. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да застанеме – напротив, потребна е уште поголема поддршка за девојките и младите жени да се охрабрат и да ги следат своите интереси во науката, инженерството и енергетиката“, истакна министерката Божиновска.
Едни од главните поенти на средбата беа дека треба стимулирање, мотивирање и поддршка на младите и дека нивниот пат не треба да биде исклучок – туку правило и да им се дадат можности ресурси и поддршка за да го достигнат својот полн потенцијал.