После 33 години ги облече истите шорцеви - сега уште подобро ѝ прилегаат! Ова се тајните да изгледате топ како Синди Крафорд

Добивај вести на Viber

Во младоста изгледаше бомбастично, но сега изгледа времето за неа застана.

Синди Крафорд (58) беше едно од најпрепознатливите лица на модната индустрија во 90-тите и еден од најплатените топ модели во тоа време.

Нејзината безвременска убавина и харизма ја направија икона која денес, пред нејзиниот 59-ти роденден, изгледа речиси впечатливо како во деновите кога доминираше на модните писти и насловните страници на престижните списанија.

Таа неодамна ги воодушеви следбениците на Инстаграм со пресоздавање на познатата реклама за Пепси од 1992 година. Во едноставен бел топ и тексас шорц, со лименка Пепси во рака, таа докажа дека времето како да застанало за неа.

Многумина се прашуваат како успева да изгледа толку добро и во шестата деценија. Тајната лежи во нејзиниот начин на живот, кој внимателно го обликувала низ годините.

View this post on Instagram

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

- Кога растев, ниту еден од моите родители не вежбаше - признала Синди во едно интервју и додала: - Татко ми работеше надвор, но мајка ми никогаш не одеше во теретана. Јадевме зеленчук со велвета сирење, леб и доритос. Она што мајка ми го ставаше во мојот училишен ручек дефинитивно не беше здраво. Така пораснав.

Меѓутоа, по пристигнувањето во Њујорк и започнувањето на манекенската кариера, Синди сфатила дека мора да ги промени своите навики.

- Кога влегов во телото на возрасните знаев дека морам да ги правам работите поинаку. Првото нешто што го променив беше воведувањето на вежбањето во секојдневието – изјави таа.

Денес фитнесот е еден од нејзините врвни приоритети и секое утро го започнува со вежбање.

- Мојот идеален тренинг се 20 минути кардио вежби, а потоа тренинзи со тегови. Понекогаш моето кардио е скокање на трамболина, трчање на лента за трчање или користење на елипсовидна. Имаме и скали кои водат до плажа, па ги користам за трчање. Додека вежбам сакам да слушам аудио книги или музика – открила таа во едно интервју.

Како некој што живее на плажа во Малибу, Синди го започнува денот со утрински ритуал кој и помага да го одржи и физичкото и менталното здравје.


- Првата работа што ја правам е да излезам надвор и да влезам во џакузи. Го гледам океанот додека изгрева сонцето, што ми помага да го планирам денот и да најдам моменти за кои треба да бидам благодарна. Кога ќе излезам од џакузи пијам шолја зелен чај – изјавила манекенката.

Таа смета дека урамнотежената исхрана, редовната физичка активност и внатрешната хармонија играат клучна улога во нејзиниот младешки изглед.

- Најважно е да го пронајдете она што ви се допаѓа и да останете доследни. Тајната не е во краткорочните решенија, туку во начинот на живот – заклучила таа.

Нејзиното враќање на легендарните моменти од минатото, како што е рекламата за Пепси, не е само почит на нејзината кариера, туку и доказ дека самодовербата, негувањето здрави навики и позитивниот поглед на животот може да направи жена на која било возраст да изгледа и да се чувствува фантастично.

Фото: Инстаграм
Извор: Glossy.espreso.co.rs