Лепа Брена проговори за полот на бебето што го чекаат Прија и Филип Живојиновиќ: „Тоа и го очекував“

Добивај вести на Viber

Лепа Брена пред неколку дена престојуваше во Загреб, каде што го најави својот шести концерт на локалната арена во рамки на нејзината актуелна турнеја, која ненадејно беше прекината пред два месеци кога доживеа несреќа која бараше итна операција.

Музичката ѕвезда додека гостуваше на радио Екстра ФМ зборуваше за сите актуелни случувања во нејзиниот живот, па така се спомена и бременоста на Александра Пријовиќ.

Неодамна медиумите беа бомбардирани со веста дека пејачката Прија е во благословена состојба. Веста за новото бебе не ја изненади Брена, а како што истакна, овој пат се надева дека ќе добие внука.

- Јас и Боба бевме на пат кога ни јавија. Морам да признаам дека тоа го очекував, бидејќи е логично и нормално. Не постои ништо на овој свет што може да не направи толку среќни како да чекаме уште една принова во нашето семејство. Секогаш велам дека овде се раѓаат момчиња, но имам впечаток, ми вели интуицијата, дека постои можност овој пат да имаме слатко девојче“, изјави пејачката.