Д-р Емил Угриновски го прослави роденденот со гламурозна забава
Познатиот македонски бизнисмен, сопственик на приватната болница Неуромедика и ексклузивниот бар-ресторан МОШ, д-р Емил Угриновски, уште еднаш докажа дека стилот, хедонизмот и традицијата се негова препознатлива карактеристика.
Во вистински гламурозен амбиент, роденденот го прослави во друштво на елитата од јавниот живот – познати бизнисмени, доктори, културни работници, соработници, новинари, спортисти, политичари, инфлуенсери и многу други истакнати личности.
За атмосферата беше задолжен еден од најголемите балкански музички ѕвезди, Мирза Селимовиќ, кој со својот раскошен вокал ја крена енергијата на високо ниво. Забавата се одржа во луксузниот амбиент на МОШ, а присуствуваа над 300 гости.
„Роденденот за мене не е само датум – тоа е симбол на сите предизвици, успеси, пријателства и моменти што ме обликуваат како човек. Веќе повеќе од две децении го славам во овој стил со голем настан заедно со моите роднини, пријатели, соработници и луѓето кои ми значат. Оваа вечер е посебна, бидејќи ми овозможува да ги видам сите драги лица на едно место, да споделам радост и да продолжам со енергија напред во годината што следи. Благодарен сум на секој од вас што сте дел од мојот живот и дел од оваа приказна.“, изјави д-р Угриновски.
Како што е веќе вообичаено, роденденската забава на д-р Емил Угриновски повторно го постави стандардот за елитни настани во Скопје. Спојот на луксуз и одлична музика програма ја направија оваа вечер посебна и незаборавна. Останува јасно – д-р Угриновски не само што е успешен лидер во бизнис заедницата, туку и човек кој знае како да го слави животот со стил.
ПР објава