Единствениот стил на џемпер што ви треба за пролет 2025: Еве како го носат Французинките сега

Добивај вести на Viber

Како оваа пролет да комбинирате кардиган со копчиња? Најдовме инспирација кај Французинките кои го стилизираат со непогрешлив шарм - лежерно, но беспрекорно шик.

Пролетта е скоро пред нас, но студените утра, и покрај сончевите зраци, сепак не потсетуваат дека зимата не е целосно зад нас. Затоа не се разделуваме со џемперите во текот на работната недела – само гломазните, волнени модели ги заменуваме со полесни варијанти кои се совршени за овој преоден период. Затоа, бараме нови начини за стилизирање на нашите омилени модели, особено кардиганот со копчиња.

Класичниот кардиган никогаш не излегува од мода бидејќи успешно ја балансира елеганцијата и удобноста. Можете да го носите како горен дел, до крај закопчан со елегантни панталони или здолниште, или лежерно да го облечете преку рамениците како дополнителен слој над маица или фустан. Французинките, се разбира, одамна го препознаа неговиот безвременски шарм и знаат да го носат на начин што изгледа сосема природно, како да не се труделе премногу, а сепак да постигнат совршен ефект.

Дополнителна инспирација најдовме на Инстаграм, а комбинациите кои најмногу ни го привлекоа вниманието дојдоа од нашите омилени париски инфлуенсери. Подолу ви откриваме комбинации со кардигани со копчиња кои заработија посебно место на нашата листа на омилени.


ФОТО: Инстаграм