Живееше под тортура и се разведе – само што ја пронајде среќата почина: Адвокатката Катерина Котеска Стисниовска за најболниот случај во кариерата

Добивај вести на Viber

Многу често разводите на бракот се проследени и со семејно насилство ,бидејќи емоциите од едната страна ескалираат. Водејќи се од сопственото професионално искуство адвокатката  Катерина Котеска Стисниовска нагласува дека тоа се најчесто мажите, кои кога ќе сфатат дека жената е непоколеблива во одлуката да се разведе, стануваат насилни поради тешкотија да ја прифатат реалноста,. Се закануваат дека ќе посегнат по нејзиниот живот и здравје.

-Секоја жена треба да сфати дека заканите од типот :„Ќе ти ги земам децата, јас имам врски насекаде“ се само да се заплаши,за да не го продолжи разводот и не треба да претставува причина за страв и колебање.При случаеви на семејно насилство најважно е да се пријави и процесуира и по ниту една основа да не се оди кон мирење на жртвата и насилникот до моментот кога ќе му се изречат мерки за заштита од семејно насилство или кривична пресуда.Секој сторител треба да одговара за стореното и само во тој случај шансите да го повтори насилството се помали- вели адвокатката и дополнува дека жените жртви на семејно насилство по изрекување на мерките како да се оставени сами на себе ,а ваквото чувство треба да се поправи и многу законски решенија да се сменат и подобрат.

-По изрекување на мерките за заштита од семејно насилство треба да се зголеми надзорот на жртвата и нејзината безбедност,а казните во кривичните постапки да се заострат ,особено што постојано се изрекува условна осуда ,која не е делотвирна кон сторителот,а казната е паричниа. Пробациските мерки и сл.скоро и да не се изрекуваат – посочува таа.

Катерина Котеска Стисниовскаработи како самостоен адвокат од 2013 година, а во адвокатурата е од 2002 година.Магистар е на правни науки на тема  постапување на институциите во случаевите на семејно насилство.Докторант е на Правен факултет-Битола.

- Во мојата кариера сум имала многу случаеви на семејно насилство ,каде што насилникот многу често сакал и мене да ми се реваншира, поради тоа што е пријавен и ставен пред лицето на правдата да одговара.Сум имала случаеви и да ме нападнат, но ниту една таква ситуација не ме исплашила и поколебала да продолжам да се борам против семејното насилство.Работејќи како жена во адвокатурата ,семејното право и семејното насилство , сум се соочувала со предрасуди и понижувања дека сум жена во „машка професија“.Но, таквите категоризации сум ги сфаќала исклучиво како знак на љубомора и стравопочит бидејќи сум на страна на жените и децата непоколебливо и бестрашно. Во денешно време и ми ласка епитетот на „опасна“ – открива адвокатката .

Речиси секогаш се соживува со жените,а особено со децата, но и со своите клиенти мажи за кои се борела за истите права како и на жените.

-Како и конструкцијата на сите закони и конвенции,така и мојата заложба е најдобриот интерес на децата, затоа што тоа е од енормно значење за создавање на здраво и просперитетно општество.Некои случаеви ме погодиле и повеќе емотивно,а тоа се оние каде што жртвата не сака да ја води постапката за семејно насилство и кога и покрај сите проблеми ,па дури и физичко семејно насилство останува во токсичен брак.Живото е краток за да живееме лошо и под тортура,а кога ќе решиме да се спасиме може да е доцна.

-Ова го кажувам како една ,моја,професионална болка ,кога жена од 55 години, по тежок живот под тортура и супстандардни услови за живот, се осмели да го остави својот сопруг и да се избори и со фактот што детето не сакаше да дојде со неа. Кога си најде стан и стабилна работа,а со детето воспостави прекрасни односи на близина и контакти, како последица од долгогодишен лош живот и тортура , ненадејно почина не успевајќи да му се радува на убавиот живот што се окуражи да го создаде- посочува адвокатката.

Апелира до младите кои се зрели да стапат во сериозни партнерски односи, тоа да го направат водени од зрели емоции и кај партнерот да ги гледаат делата,а не зборовите.

-Да најдат партнер сличен на себе, затоа што само сличните погледи и стремежи кон иднината се гаранција за квалитетни партнерски односи,како и тоа доколку односите се сменат на полошо и состојбата не е иста како на почетокот, не е поправлива и нема иднина, со време да се одлучат да се разделат и да почнат квалитетен живот.Да не ги користат децата како изговор за својата колебливост и апатичност, бидејќи во лош брак не се останува поради децата, туку се заминува порадио нив, затоа што децата го копираат моделот на однесување на своите родители и постои опасност да завршат во исти токсични односи – заклучува адвокатката.

Соња Алексоска Неделковска