„Ја разбудивте лавицата“: Карлеуша отвори нов профил на Инстаграм и испрати заканувачка порака , по кратко време и тој беше деактивиран

Добивај вести на Viber

Инстаграм профилот на пејачката Јелена Карлеуша е деактивиран. Со 2,4 милиони следбеници, српската пејачка беше една од најследените личности на Балканот, но профилот на кој се трудеше со години повеќе не постои.

Многумина се прашуваат дали ова е резултат на петицијата која неодамна на социјалните мрежи ја објави таканаречената „Еко стража“ со која се бара да се затвори профилот на поп ѕвездата или пејачката сама го деактивирала. Во секој случај, околу нејзиниот профил со денови се одвиваше вистинска драма.

Карлеуша сега отворила нов профил кој го нарече „Јелена Карлеуша Нов профил“ и од него испратила заканувачка порака до групата „Еко стража“.

„Ова што го направивте не беше само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги сносите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да го прекинете ова однесување или лично ќе преземам чекори за да исчезне вашиот профил засекогаш. Не сте свесни со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам повеќе ресурси, повеќе поддршка и, верувајте ми, повеќе истрајност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречивте, само ја разбудиве лавицата. Ова е последно предупредување. Добро размислете за вашите постапки бидејќи вашето време истекува за 24 часа“, му порача Карлеуша на претседателот на „Еко стража“, Бојан Симишиќ.

„Еко стража“ ја објави преписката на својот Х профил, а недолго по заканувачката порака беше избришан и новиот профил на Карлеуша.


Извор: Trazisposao.com