Ниту еден пратеник досега не донирал за болно дете: Д-р Лазаров ги подбра пратениците – „Срам ми е од секој еден од вас“

Добивај вести на Viber

Доктор Ненад Лазаров испрати фејсбук реакција до пратениците од Собранието дека досега ниту еден од нив нема донирано денар за болните дечиња за кои Фондацијата Ecrowd.mk се бори заедно со родителите и народот да обезбедат финансиски средстава за да заминат на лекување.

Реакцијата на докторот ви ја пренесуваме во целост:

„Ниеден пратеник од Собрани на Република Северна Македонија до сега нема донирано за болните дечиња за кои Фондација ECrowd.mk се бори заедно со родителите и народов!

Гледам сега вртоглави суми за патни трошоци се земаат и понатака, добро БЕ, нели ви е само малку барем срам на сите до еден, познати и непознати, илјадници евра да искеширате, нели ви е брука глава да вртите на апели за помош?

4 години возиме бесплатни домашни посети низ Скопје, исто така еден денар поддршка и помош, 5 литри бензин да помогневте и 2 завои,каква ви е таа душа, а сигурно секојдневно ги гледате апелите за донации?

И треба ли од такви ко вас да очекуваме дека за народ се грижите?

Јас ќе ви кажам, срам ми е од секој еден од вас“, стои во реакцијата на д-р Лазаров.

Инаку во Собранието вчера разговараше за скратување на патните трошоци на народни избраници, но ваквиот предлог падна во вода затоа што голем дел од пратениците не дадоа поддршка за вакви измени.