„Можна е ерупција“: Заспаниот вулкан на Санторини се разбуди од длабок сон – Регистрирани се повеќе од 15 илјади земјотреси за 20 дена

Добивај вести на Viber

Грчките експерти велат дека нема сомнеж дека вулканот излегол со состојба на мирување. Повеќе од 15.300 земјотреси за 20 дена се регистрирани околу грчкиот остров Санторини.

„Измерено е дека тлото е подигнато за 4 сантиметри и поместено кон исток за 6 cm. Овие промени се резултат на издигнувањето на магмата од обвивката до кората, а потоа до комората на магмата кои се наоѓаат на длабочина од 3km“, изјавил директорот за истражуавње од Геодинамичниот институт, Танасис Гканас.

„Првите проценки покажуваат дека магмата се подигнала за 5 милиони кубни метри, додека во последната криза на вулканот 2011-2012 година количината изнесувала 15 милиони кубни метри. Сега, бидејќи феноменот продолжува, мораме да го следиме да видиме како ќе се развива“.

View this post on Instagram

A post shared by Nikana.grLetovanje u Grčkoj (@nikana.gr)

Што се однесува од шпекулациите за можна вулканска ерупција која се појави овие денови, вулканот се наоѓа во пре-еруптивна фаза од септември, многу пред оваа сеизмичка недела, и тоа е феномен кој посебно се проучува. Исто така вулканската ерупција не може да се исклучи, бидејќи вулканот излегол од состојбата на мирување.

Продолжуваат сеизмичките потреси на Санторини и околните острови, додека Аморгос е прогласена вонредна состојба.

Интересно е за Санторини, што токму најлуксузните хотели и приватни сместувања се наоѓаат на самиот раб кој во овој момент се смета за најопасното место на Сонторини, но истовремено и најбарано и најлуксузно.

Свесни за ризикот при градењето на самиот раб, кои настанале по земјотрес, сопствениците сепак граделе надевајќи се дека повторно нема да се случи катастрофа во поново време.

Цената за едно ноќевање во вакво сместување често изнесува повеќе илјади евра,м а сопствениците на овие недвижнини се доживуваат како посебна елита во Грција, која ужива во привилегиите недостижни за обичните граѓани.

View this post on Instagram

A post shared by Nikana.grLetovanje u Grčkoj (@nikana.gr)

Овие објекти често имаат балкони со базени од каде се овозможува навистина импресивен и невистинит поглед кон морето.

Поради својата едноставност Санторини претставува една од најпрестижните дестинации за патување во светот.

Последната ерупција на вулканот Станторини била во 1950 година, и до пред некоја недела се случувала само фумаролошка активност, пред сè во рамките на неодамнешните активни кратери. ГПС инструментите регистрирале обновени деформации околу купата во 2011 и 2012 година.

Големата Минојска ерупција на Санторини во 17 век п.н.е. можеби ја инспирирала легендата за Атлантида. Ерупцијата се претпоставува дека имала показател на вулканска избувност од 7, што е највисока оценка за историска ерупција.