„Споделете убава мисла или не споделувајте ништо“: Миа, Цеце и Александар со моќни пораки против лошите коментари на социјалните мрежи
![](/media/main/2025/02/20250214235936.jpg)
Македонски Телеком со моќна кампања против лошите коментари и говорот на омраза на социјалните мрежи. Заедно со дел од познатите и инфлуенсерите имаат одлична кампања за против говорот на омраза и лошите коментари на интернет. Секоја чест за идеата и за интересните и креативни видеа на Миа Костова, Александар Динев и Цеце Николова.
Миа Костова, инфлуенсерката која повеќепати покажала и докажала дека има вистинско влијание врз јавноста за оваа кампања сними видео во кое порачува:
„После цели 25 години во јавност, знам дека говорот на омраза на интернет не му помага на оној кој го пишува, а често знае да повреди некој кој не го ни познавате. Конструктивната критика не е лош коментар, а на лошите коментари конечно им го покажуваме местото.
Твојот лош коментар, завршува во корпа за отпадоци за да направиме попријатно место за функционирање на социјалните мрежи“.
Младиот јутубер Александар Динев, кој уште во тинејџерските денови собра сили и гласно зборуваше за булингот кој го трпел од соучениците и овој пат преку интересно видео, истакна: „Конечно најдов погодно место за говорот на омраза“.
А водителката Цеце Николова која плени со својата насмевка и уникатност, пред неколку години си ја отвори душата и јавно откри дека има Алопеција и покажа дека нема коса. Таа отворено зборува и за тоа дека е порасната во СОС Детско Село, но често споделува и по некој коментар кој го добива во приватна порака на нејзините социјални мрежи за тоа дека нема коса. Па и таа во нејзин стил сними видео и со позитивна мисла акцентираше: „Сите вие што пишувате лоши, злобни, коментари што оставаат лузни на душата… Знам дека и вие имате болки, дека разни животни ситуации ве повредиле и поради нив сте запреле со создавање и креирање.
Ама, нека запре оваа лоша креација!
Споделете убава мисла или не споделувајте ништо. Сите имаме болки“.
Се надеваме дека овие видеа ќе стигнат да оние кои се најгласни со лошите коментари. Дека ќе застанат за миг да размислат, а можеби и ќе го променат начинот на кој досега функционирале на социјалните мрежи.
Р.Ж.М.
Фото и Видео: Инстаграм