Каков фраер: Братот на Кајмакоски ќе ве освои од прва, дечкото изгледа одлично
![](/media/main/2025/02/20250214104820.jpg)
Далечината од илјадници километри тешко паѓа посебно кога имаш некој близок. Посебно тежината е уште поголема ако тоа е твојот брат или сестра.
Очигледно носталгијата си го направила своето, кога братот на Даниел Кајмакоски, Филип објави нивна заедничка фотографија.
„Големо враќање назад“, напиша тој.
Инаку Филип е помалиот брат на Кајмакоски кој со неговите родители живее во Австрија, каде претходно живееше и работеше Даниел. Во описот на неговиот инстаграм профил пишува дека музичар и актер.
Во минатото Филип објавуваше и видеа како заедно со Даниел пеат македонски песни.
Сличноста помеѓу браќата Кајмакоски е голема, тоа може да се забележи од оваа заедничка фотографија.
Последните фотографии кои ги има објавено на неговиот Инстаграм профил покажуваат дека се одлучил да го промени неговиот имиџ. Промените ги започнал од косата. Сега Филип има долга, виткана коса.
За потсетување, Кајмаковски се прослави со победата во музичкото шоу „Х-фактор“ кое се одржуваше во Србија. Тој во 2015 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Виена, Австрија, со песната Autumn Leaves. Откако се ожени со Кристина и го доби синот Давид, тој се повлече од музичката сцена. По 3 години брак со тетовчанката, Кајмакоски се разведе, а веќе две години е во брак со Марина, со која има две деца синот Стефан и ќерката Емилија.
Фото: Инстаграм