Барби се врати, но нашата е бринета: Елена Ристеска одбра монохроматски изглед за концертот на Милица Павловиќ

Македонската поп – пејачка Елена Ристеска, беше специјална гостинка на концертот во Скопје на српската пејачка Милица Павловиќ.
Елена и Милица беа облечени во исти бои, но во различни модели.
Елена за овој настап се одлучи за монохроматски изглед во розова боја. Од глава до пети пејачката беше во една иста боја.
Розово палто во служба на кус фустан, иста таква боја хулахопки и розови лакирани високи потпетици.
Ваквиот модел на Елена во ист тон, е нешто што го препорачуваат и модните експерти за пониските девојки. Ваквиот монохроматски изглед го сметаат за идеален, а ваквиот начин на облекување секогаш дава впечаток на посебна доза на луксуз и елеганција.
Елена дефинитивно го постигна тоа. Погледнете дел од фотографиите кои ги објави пејачката на Фејсбук: