Александра во Дубаи: Ќерката на Заев качена на врвот на Бурџ Калифа, не крие дека има момче

Добивај вести на Viber

Деновиве, ќерката на екс премиерот и опозициски лидер Зоран Заев е на патување во Дубаи.

Александра, преку социјалните мрежи откри дека шета во најголемиот и најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати  кој се наоѓа на југоисточниот брег на Персискиот Залив и е главен град на истоимениот емират, еден од седумте емирати што ја сочинуваат земјата. 


Бурџ Калифа е местото од каде што Александра објави фотографии, пејзаж од прекрасниот Дубаи, но и силуети на кои се гледа дека е во друштво на момче.

„At the top od Burj Khalifa“ е местото од каде Заева сподели како се бакнува со момче, што значи дека на патувањето не е сама.

Изградбата на огромниот облакодер во Дубаи започна во 2004-та, а заврши во 2009-та година. Зградата е висока 828 метри, има 160 катови и до денес важи за највисоката градба на светот.

Всушност, овој облакодер држи неколку светки рекорди, како зграда со најмногу катови и зграда во која се наоѓа највисокиот кат кој е во употреба.


ФОТО: Инстаграм/Официјален профил Александра Заева